Претставници на Здружението на новинари на Македонија и на Хелсиншкиот комитет, на 5 мај 2017 година, во притворското одделение на Затворот Скопје, го посетија новинарот Зоран Божиновски. Тој е обвинет за
наводно сторени три кривични дела (злосторничко здружување, шпионажа и уцена).
Од досегашното следење на судењето, иако беа закажани десетина судски расправи, повеќето беа одложени поради вина на Судот (прераспределување на судија, необезбедување на присуство на сведоци,
неспроведување на новинарот до Судот итн.).
Сè уште не се изведени докази за тоа дека новинарот Божиновски е припадник на злосторничка група и дека имал умисла да создаде таква група, ниту дека стапил во контакт со странска разузнавачка служба на
која и предал државни тајни.
Несфатливо е новинар да се држи две и пол години во притвор од кои 18 месеци во екстрадициски притвор во Србија и 13 месеци притвор во Македонија.
Очекуваме итно укинување на притворот, а на новинарот Божиновски безусловно да му се дозволи да се брани од слобода.
Реакција на ЗНМ