На 21 мај ќе се одржи петтото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот, „Прв до врв“ 2017 на скопско Водно.
Настанот и годинава во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.
Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште „Кочо Рацин“ за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.
Пријавувањето за учество е се уште отворено преку веб страната www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети во петок и сабота на плоштадот „Македонија“, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв’ во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.