СДК: ЗАЕВ НА КОНГРЕСОТ НА СДСМ САКА ДА БИДЕ ПРОМОВИРАН КАКО ПРЕМИЕР

Сподели

 

Досега е разговарано само врз кои принципи ќе се темели новата влада како и за делови од програмата што ќе ја промовира мандатарот Зоран Заев а не и за поделбата на ресорите.

“Немаме ништо официјално разговарано за конечно дефинирање на ресорите. Разговараме за програмата, а костурот на новата влада е направен. Но,  имиња и дефинитивни ресори засега нема да се објават“, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од парламентарното мнозинство.

Високи извори од СДСМ велат дека лидерот Заев сака да ја состави новата влада до 27 мај, кога треба да се одржи конгресот на партијата. На конгресот се очекува Зоран Заев да биде повторно избран за лидер на СДСМ.

За денес најавена е средба на мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев и на лидерот на ДУИ Али Ахмети. На средбата, како што ни рекоа од двете партии ќе се отвори расправа за поделбата на министерствата.

Иако контурите на новата влада веќе се направени, до крајот на неделата треба да се знаат и ресорите кои ги добиваат партиите како и имињата што ќе раководат со министерствата.

Официјално партиите не кажуваат дали ја договориле распределбата на ресорите. Извори за САКАМДАКАЖАМ.МК од мнозинството велат дека партиите начело ги имаат утврдено и имињата на министрите, но јавно ќе обзнанат кога ќе ги дефинираат принципите за работа на новата влада.

САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека СДСМ ги има утврдено имињата на новите министри, но тие ќе ги објават кога ќе заврши поделбата на ресорите.

Засега е извесно дека новата влада ќе ја сочинуваат  СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците. Движењето Беса сеуште нема донесено одлука дали ќе влезе во владата или не, формира само комисија која ќе преговара со мандатарот Заев.