„Харли Дејвидсон“ повлекува околу 46.000 мотоцикли

Сподели

„Harley Davidson“ (Харли Дејвидсон) објави дека повлекува околу 46.000 мотоцикли во САД, бидејќи доводот за масло може да се одвои, истурајќи масло на патеката на движење на задната гума, јавува Anadolu Agency (AA).

Со ова се опфатени моделите „Electra Glide“, „Road King“, „Street Glide“ и „Road Glide“ произведени во периодот од 2. јули 2016 до 9. мај 2017 година.

Од „Harley“ велат дека постои можност доводот на системот за ладење на моторот да не е правилно поставен. Во соопштението се додава дека досега добиле девет извештаи во кои се наведува дека дошло до одвојување на доводот за масло, поради што дошло до два судира, но без поголеми последици.