Згаснува „Дневник“, нема да постојат ниту порталите на МПМ

Сподели

Згаснува дневното печатено гласило „Дневник“, еден од влијателните весниците под капата на „Медија Принт Македонија“, која последниве години помина низ различни раководни, финансиски и политички премрежја и промени.

Исто така, згаснуваат и порталите „Телеграф“ и „Теа Модерна“, но и електронските верзии на „Утрински“ и „Вест“, кои по прекинот на печатените верзии од мај функционираа единствено како портали.

Сега без работа остануваат над 100 медиумски работници, на кои им било соопштено дека медиумите во кои работеле повеќе нема да излегуваат.