Покрај Чавков и Атанасовски, Владата разреши и други директори

Сподели

Владата на седницата вчеравечер покрај донесувањето одлука до Собранието да се достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски и изборот на новите директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, направи уште неколку смени на директори и на Управни одбори и донесе мерки за одредени ситуации.

Владата на вчерашната седница седница постави нови директори и на УЈП и на Агенцијата за храна и ветеринарство. За директорка на УЈП е именувана Сања Лукаревска, а за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство е именуван Зоран Атанасов.

Владата исто така ги разреши членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват „Јасен“, а за нови членови ги именуваше Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани.

За в.д. директор на Државниот просветен инспекторат е именуван Томе Спировски. Разрешена е в.д. директорката Надица Николоска, поради тоа што е констатирано дека и е истечен мандатот од 9 мај 2017 година.

Од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање е разрешен Ванчо Шехтански.

Покрај тоа, донесена е одлука да се овозможи бесплатна услуга, одмор и рекреација, на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за ова лето.

Владата ја разгледала и усвоила информацијата за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион. Задолжено е ресорното Министерство за земјоделство да формира комисии коишто по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесување на барањата е од 19 до 30 јули, а треба да се достауваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата исто така го усвоила предлогот на Министерството за образование за објавување конкурс за запишување студенти наа прв циклус студии на студиските програми на универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, во учебната 2017/2018 година. Донесена е и одлука за дополнителни квоти за запишување студенти, припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија во прва година – прв циклус на студии, на јавните високообразовни установи на универзитетите  Свети Кирил и Методиј во Скопје, Свети Климент Охридски во Битола, универзитетот во Тетово, универзитетот Гоце Делчев во Штип, универзитетот за информатички науки и технологии Свети Апостол Павле во Охрид и универзитетот Мајка Тереза во Скопје, во учебната 2017/2018 година.

meta.mk