„Татко на германското единство“ е прекарот кој Хелмут Кол поради својата политичка активност го доби кај Германците. Неговите историски заслуги се големи.
Дури погледнато и од актуелна перспектива, влијанието на Хелмут Кол сѐ уште е големо во Германија и во Европа , ако се има предвид дека тој е „политички татко“ на сегашната предводничка на Германија и на Европската Унија, Ангела Меркел. Кол актуелната германска канцеларка ја нарекуваше „свое девојче“. Тој беше првиот канцелар на повторно обединета Германија. 16 години беше на функцијата, подолго од сите други канцелари.