Ново задолжување за раздолжување

Сподели

Новата влада ќе се задолжи на домашниот пазар  5.6 милиони евра, износ идентичен кој достасува за враќање на стари долгови.

Операцијата ќе се спроведе преку аукција на државни обврзници, а парите ќе треба да се вратат за 15 години. Веќе следниот ден односно во среда  по основ на доспеани долгови владата ќе треба да врати идентична сума пари.

Нивото на јавниот долг заклучно првиот квартал од годинава изнесува 46% од Бруто домашниот производ или  4,74 милијарди евра, што споредбено со крајот на минатата година претставува зголемување од над 28 милиони евра