ЛП бара темелна истрага, одговорност и казна за несовпаѓањето на проектираната и изведената траса

Сподели

 

Либералната партија ја осудува непрофесионалноста во изведбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, т.е. несовпаѓањето на проектираната и изведената траса.

ЛП бара надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании заради нестручноста и катастрофалните грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски подизведувачи поради употребата на лошите градежни материјали.

ЛП бара да се утврдат и санкционираат одговорните поединци, органи и фирми за грешките во овој проект кој државата ја чини 579 милиони евра, а поради ваквите неприфатливи грешки за светот во XXI век, уште дополнителни 100 милиони евра:
– и по ЗКП (со казна затвор),
– и со имот и средства во висина на штетата која е направена,
– како и со трајно одземање на лиценците за работа во ваков тип на дејност.
Доколку нема санкционирање на сите одговорни во овој проект, ЛП ќе смета дека ова е уште една од многуте пропагандни вести, на кои бевме сведоци во изминатите единаесет години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.