Седници во Апелација за жалбите на СЈО

Сподели

Во Апелациониот суд за денеска се закажани неколку седници на коишто ќе се разгледуваат жалбите на Специјалното јавно обвинителство, откако Кривичниот суд не ги прифати барањата за притвор и на обвинетите во случаите што ги отвори СЈО, и им одреди поблаги мерки.

На седниците не е исклучено да се разгледуваат евентуални жалби и на одбраната.

Во судот денеска се очекува да се појават, помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, обвинет во случајот „Триста“ за набавка на 300 полициски возила.

Подоцна се закажани седници и на кои треба да се појават уредникот Драган Павловиќ Латас обвинет во случаите „Тотал“ и „Тревник“ и новинарката Ивона Талевска обвинета во случајот „Титаник“.

Потоа се очекува седница и за случајот „Тарифа“  во кој се обвинети три лица за злоупотреба на службената положба и овластување.

Вчера во Апелациониот суд се разгледуваа жалбите за случајот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.