БРИСЕЛ: Средба меѓу Нимиц и Коѕиас – Можност за напредок во преговорите за спорот за името

Сподели

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас денеска во Брисел ќе има средба со медијаторот за спорот со името на Македонија, Метју Нимиц.

„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија во почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации. Нимиц по средбите со македонскиот државен врв во Скопје порача не може да се очекува нов предлог и брзо решение.