Министерство за здравство со нов проект „Добредојде бебе“

Сподели

Министерството за здравство денеска ќе го претстави проектот „Добредојде бебе“, новина со која на родителите, на доброволна основа им се олеснува постапката за вадење извод од матична книга на родени којшто ќе го добиваат во рок од 48 часа, за време на престојот во породилиштето.

Проектот „Добредојде бебе“ се воведува од Министерството за здравство, во соработка со Мој Термин, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда-Управа за водење матични книги.

Услугата од 24 јули ќе биде достапна во породилиштата во Скопје, додека од 1 септември во сите 18 породилишта во Македонија.

– Добредојде бебе е една од првите новини на системот Мој Термин, кој постепено ќе се надградува со нови содржини, со цел да се олеснат и забрзаат постојните процеси, а со тоа да се олесни комуникацијата меѓу докторите и пациентите. Се надеваме дека со оваа новина ќе им помогнеме на новите родители да уживаат во моментите на новороденчето, место да чекаат по шалтери.