Бодрум утрово повторно го погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер, пренесуваат турските медиуми.
Засега нема информации за повредени и за материјална штета. Земјотресот е регистриран на длабочина од 15 километри југоисточно од Бодрум.
Ова е трет земјотрес регистриран во таа област во последните 48 часа.
Два умерени земјотреси со јачина од 4,8 степени и 4,2 степени според Рихтеровата скапа вчера го погодија Бодрум.