Со 64 гласа ЗА и ниту еден против, Собранието денеска го разреши досегашниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата пред самото гласање, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско.