Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот Велес-Катланово

Сподели

По тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случи на автопатот Велес-Катланово, дознаваме дека најмалку 27 патници, македонски туристи кои се враќале од одмор од Грција, се повредени и сместени во болниците во Скопје и Велес. Две лица се потешко повредени. Меѓу повредените има и деца.

Екипи на Брза помош и на противпожарната бригада ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.

Од МВР информираат дека се превртел автобус со скопски регистерски таблички, во сопственост на туристичка агенција.

Осумнаесет повредени се пренесени во скопските болници, а девет во болницата во Велес.

Сообраќајката се случила вечерва околу 19 часот на автопатот Велес – Катланово, после патарината кај езерото Младост. Автобусот изгубил контрола и излетал од коловозот. Во тек е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

mkd.mk