Во врска со хоспитализираните лица во сообраќајката на патот Скопје – Велес информираме:
1. На Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски, се… примени шест лица од кои само еден повозрасен маж е на интензивна нега но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна опасност.
2. Во Општа болница Велес се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност.
3. Во клиничкиот центар Мајка Тереза донесени се вкупно 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ- еден пациент е внесен со абдоминално крварење, еден со торакална сериозна повреда и двајца со торакални повреди.
За жал, еден од повредените им подлегна на повредите
– Еден пациент на детска хирургија, внесен итно на операција;
– Двајца пациенти на Неврохирургија, примени на обсервација;
– Седум на ортопедија, примена на обсервација;
– Тројца повредени се во моментов на обсервација во Ургентниот хируршки центар.
4. Во Градската болница Осми Септември примен е само еден пациент со сериозни повреди меѓутоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.
Министерството за здравство упатува сочувство до семејството на починатото лице и им посакува брзо опоравување на повредените.