Заев и Вучиќ постигнале согласност околу “новонастанатите околности“

Сподели

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале „долго и отворено“, за време на денешниот телефонски разговор, во кој ги разгледале сите „новононастанати околности“ во односите меѓу двете земји, Во заедничкото соопштение по разговорот, се наведува дека Заев и Вучиќ постигнале согласност околу пет точки.

„Двајцата официјални претставници се согласиле  дека ќе продолжат да ги решаваат сите можни несогласувања со дијалог, без оглед на разликите во политичките и регионалните прашања и заеднички да се борат само за зачувување, туку и за  унапредување на пријателските односи меѓу српскиот и македонскиот народ и граѓаните на Србија и Македонија“, стои во клучниот дел од заедничкото соопштение.

Република Македонија и Република Србија ќе вложат уште поголеми напори за натамошно унапредување на економските односи и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

„Република Србија и Република Макединија, во склад со меѓународните јавно-правни прописи, со добра верба и на пријателска основа ќе ги штитат правата и интересите на дипломатско-конзуларните претставништа на својата територија“, се наведува во соопштението.