Советот на јавни обвинители денеска се очекува да назначи вршител на должноста јавен обвинител, на местото на Марко Зврлевски кој беше разрешен од функцијата.
Претседателот на Советот, Петар Аневски најави дека на местото на Зврлевски ќе биде назначен некој од неговите заменици, а ќе ја извршува должноста до изборот на нов државен јавен обвинител.
Владата на седницата во вторникот му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник”.
Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.