Комисија ќе утврдува одговорност на судиите од “Тврдина” и “Таргет”

Сподели

Советот кој покренува постапки за одговорност на судии денеска одлучил да ги разгледа иницијативите против судиите кои одлучуваа во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО. Предметите се отвораат по допрен глас и иницијативата на здружението „Зелена лупа“ а прво ќе ги разгледа надлежна комисија, пренесе АлсатМ.

Комисијата треба да утврди дали судиите сториле неправилности при донесувањето на нивните одлуки и за тоа ќе изготви извештај по кој Советот ќе одлучи дали ќе се поведе постапка за утврдување одговорност на судиите пред Судскиот Совет на РМ или ќе ја одбие иницијативата, за што јавноста ќе биде известена.“ – Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија

Од соопштението на Советот сепак не е јасно колку судии ќе бидат предмет на истрага. Здружението „Зелена лупа“ досега поднесе две иницијативи за вкупно 12 судии поврзани со предметите „Таргет“ и „Тврдина“ каде меѓу делителите на правдата се наоѓа и претседателот на врховниот суд, Јово Вангеловски. Има и други судии од врховниот, но и од апелациониот и основниот суд во Скопје.

Здружението „Зелена лупа“ ги иницираше овие постапки бидејќи за нив основниот, апелациониот и врховниот суд не ја следеле воспоставената пракса но и законите во случаите кога СЈО бараше притвори. Краен резултат, според здружението е фактот што на тој начин судовите им отвориле врата за бегство на поранешниот шеф на УБК Горан Грујовски и вработениот во УБК Никола Бошковски.