БЕКТЕШИ: До 1. октомври треба да заврши прилагодувањето на броилата за струја

Сподели

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави до 1. октомври треба да заврши прилагодувањето на броилата во домаќинствата за да може да стартува дневната евтина тарифа.

Одговарајќи на новинарски прашање по прес-конференцијата во Владата на Република Македонија, министерот Бектеши рече дека во принцип овој процес треба да заврши до 1 октомври.

Во однос на рудниците Иловица и Казандол, министерот Бектеши истакна дека секогаш приоритет на Владата ќе биде интересот на граѓаните.

-” Како Владата секогаш ќе ни биде приоритет интересот на граѓаните и тоа ќе остане така се додека јас раководам со Министерството за економија, потенцира Бектеши, додавајќи дека дозволите за концесија се издаваат врз основа на претходно добиено мислење од сите надлежни институции и оти без позитивно мислење од општините, Министерството за економија не дава дозвола.”