Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел на средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, вчера во Берлин истакна дека новата македонска Влада имала импресивен почеток и се фокусирала на соработка со соседите преку амбициозни реформски проекти и позитивни чекори.
Според соопштението на германското МНР, Габриел порачал дека сега е клучно да се спроведат најавените реформи, а реформскиот процес во Македонија повторно да добива во интензитет. Според него, само на тој начин Македонија може да напредува на патот на евро-атлантското приближување.
-“Исто така, сакам да испратам апел до актуелната опозиција да не го блокира овој добар початок на новата влада и да не одбива конструктивно да соработува со неа, бидејќи сето ова нема да биде на сметка само на европската перспектива на земјата, туку и на граѓаните во земјата, кои се надеваат на видлив напредок и на подобрување во нивните животи “– изјави Габриел.