Ова утро во Македонија имаме претежно сончево и топло време со утрински температури кои што се над повеќегодишниот просек, но ови утрински температури се за некој степен пониски во однос на вчерашните.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време, иако и утринските и дневните температури ќе бележат благо опаѓање. Во попладневните часови се очекува појава на локална облачност. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер кој што ќе биде повеќе изразен во западната половина каде се очекува да достигне и до 25 км/ч. Утринските температури 7 до 17 степени, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 22 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 4.
СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 31 степен. УВ индекс 4.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда во Македонија ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито време. Попладне зголемување на облачноста која што може да услови слаби и локални врнежи од дожд. Врнежите ќе изостанат во крајните југоисточни предели. Утринските температури од 6 до 15 степени, а максималните дневни од 18 до 30 степени. Во четврток умерено облачно време со услови за локални врнежи од дожд, ветровито и свежо време со дополнителен пад на температурите, минималните од 3 до 12 степени, додека пак максималните ќе достигнат до 12 односно до 24 степени. Во петок по свежото утро со температури од 2 до 11 степени во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и свежо време со дневни температури од 13 до 23 степени. Свежо утро ќе имаме и во сабота со идентични температури од 2 до 11 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 14 до 25 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во среда и четврток ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време со пад на температурите. Во попладневните часови со услови за локални врнежи од дожд. Во среда минималната температура од 13 степени, а максималната до 27 степени, додека пак во четврток утринската од 10 а дневна до 21 степен. Во петок и сабота свежо утро со температура од 9 степени, а во текот на денот стабилно време. Во петок умерено облачно со сончеви период, додека пак во сабота намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе достигне до 20 односно до 22 степени.