Од утре ЕВН ќе ги усогласува на броилата за евтина струја

Сподели

ЕВН од утре ќе почне со усогласување на броилата, за домаќинствата од 1 октомври да добијат евтина струја. Претседателот на УО на ЕВН, Штефан Петер информираше дека тоа ќе се прави постепено. Усогласувањето на броилата ќе почне како резултат на одлуката на Владата, од 1 октомври да се воведе евтина струја од 14 до 16 часот.
„ Македонија мора да го зголеми сопственото производство на електрична енергија и да го намали увозот, притоа водејќи сметка за зачувување на чистата животна средина преку поголема експлоатација на обновливи извори на енергија“, порача Дамчевски од Охрид.

Рубин Талески, претседател на „МАКО СИГРЕ“, за плановите за изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори забележа дека преостануваат само мал дел од оние ресурси што спаѓаат во евтини енергетски потенцијали.

Евтините потенцијали се веќе изградени, остануваат скапите проекти како хидроцентрали. Електричната енергија произведна од сонце засега не е конкурентна за овие пазари, оттаму што економската моќ на домаќинствата за нејзино користење е се уште мала, рече тој, забележувајќи дека ветерниците немаат некаков позначаен потенцијал кога е во прашање Македонија поради нејзината географска положба и конфигурацијата на теренот.