Референдумот за осамостојување на Каталонија со повредени во брутална полициска акција

Сподели

Досега се регистрирани 38 повредени лица, најголемиот дел од нив со помали повреди, соопштија здравствените органи во Каталонија, додека во оваа шпанска покраина се случува масовна полициска акција со брутално насилство за да се спречи референдумот за осамостојување на Каталонија од Шпанија.

Каталонскиот водач Карлес Пуџдемон го осуди, како што рече, „неоправдливото насилство“ од шпанската држава.

Гласачкото ливче за референдумот има само едно прашање „Дали сакате Каталонија да стане независна држава, со републиканско уредување?“, под кое има два квадрати за штиклирање на одговорите „Да“ или „Не“.

Натпреварот од Примера дивизион меѓу Барселона и Лас Палмас предвиден за денеска нема да се одигра. Конфликтите меѓу каталоските гласачи и полицијата за време на референдумот за независност на оваа шпанска покраина беше причина да се иницира идејата за одложување на дуелот на „Камп ноу“.

-“Ова што денеска се случува во Барселона е срам, а сликите тоа најдобро го покажуваат”, изјави капитенот на Барселона, Жерард Пике денеска откако гласаше на референдумот за независност на Каталонија.
После гласањето Пике на својот Твитер профил напиша порака „Јас веќе гласав. Заедно сме незапирливи во одбрана на демократијата“.

https://youtu.be/DLbi1mzq-9o