„Кога денот немаше име“ на Бела ноќ во кино Милениум

Сподели

 

На 7. октомври филмот “Кога денот немаше име” ќе има претпремиерно прикажување на 07.октомври во рамките на манифестацијата „Бела ноќ”, во Кино “Милениум”, со две проекции, во 20 и 22 часот.

Филмот „Кога денот немаше име“ на Теона С. Митевска минатата недела беше прикажан во натпреварувачката програма на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

На пресот во Битола продуцентката Лабина Митевска истакна дека овој филм стига пред домашната публика откако сигурно зачекори по светските меридијани и бележи извонреден фестивaлски пласман, а сѐ позначајни се и продажбите за дистрибуција во голем број земји, па дури и куриозитетно, што по Пред дождот, по цели две децении, е првиот македонски филм што е продаден и во големата Кина.