Офелија ДИМКОВСКА: Жената да се обиде да не биде огорчена или едноставно отфрлена, откако и самата си се отпишала или си ги прибрала нозете да не и чекорат предалеку

Сподели

Ја следам кампањата за локални избори колку што ми дозволува трпението и интелигенцијата, но по едно прашање не можам да се воздржам. Двете огромни партии со членство колку пола Македонија, не најдоа повеќе од една жена да ја кандидираат за градоначалник. Којзнае дали им е познато дека Токио, Париз , Сиднеј, Стокхолм, имаат жени градоначалнички. Тие градови колку пет наши држави може да ги водат жени, а овде жена не е достојна да води ниту еден град, практично село. И така, скоро триесет години водени од мажи тие градови ќе ги поминеш, а не ни знаеш дека се составени од една улица, скршен драгстор, кафана и аптека, неколку куќи и школо. Нивниот газда мора да биде маж зашто ние се уште живееме патријархат, во кој таа жена што дремела во партија и дваесет години никој не ја есапи за значаен фактор, иако во една рака, според нејзиното значење како човек , тоа е безначајна функција. Кога по некакви си општински ќе се надвикуваат мажи кој ќе биде прв и последен, на нивната сопартијка ќе и припадне некоја безначајна улога или ако зуцне ќе ја прогласат за хистерична феминистка и ќе ја отпишат. Назад ни е зимата и двеста години сме назад со времето. Или жената е послушничка или ако постигне некој успех, проверуваат да не е машко. Што останува после се’? Жената да се обиде да не биде огорчена или едноставно отфрлена, откако и самата си се отпишала или си ги прибрала нозете да не и чекорат предалеку.
А инаку…кампањата е комплетно депласирана и застарена. Ужасна, агресивна и здодевна.
Мажите треба прво да научат да седат во столиците пристојно, пред да претендираат да ја зафатат главната градска фотеља.

Офелија Димкосвка, ФБ статус