Министерството за финасии информира дека во делот на исплатата на платите во јавниот сектор ќе ги почитува законите и прописите, додека минималната плата се реализира согласно пропишаното со закон.
Министерството за финансии реагираше на пишувањето на некои медиуми дека минималната плата нема да се исплаќа бидејќи немало пари за тоа.
“Во насока на точно информирање на јавноста, Министерството за финансии истакнува дека ќе ги почитува законите и прописите во однос на исплатата на минималната плата во јавниот сектор. Исплатите на минималната плата се вршат согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници.
Кај дел од институциите веќе се префрлени средства за минимална плата и тие ќе ја исплаќаат согласно предвиденото со закон.
Би сакале да истакнеме дека законите подеднакво важат за сите и истите во целост се почитуваат од страна на Министерството за финансии.”