Ристовски по контрола на Основен суд Скопје 1: “Тоа што е таму најдено е човек да се фати за глава”

Сподели

Работната група на Министерството за правда ги пронашла сите злоупотреби во компјутерскиот систем за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС) по двете контроли во Основниот суд Скопје 1, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК заменик-министерот за правда Оливер Ристовски.

„Најдени се сите злоупотреби во АКМИС-системот во Основниот суд Скопје 1 при распределбата на предметите кај судиите, работната група од Министерството за правда ја привршува работата“, вели Ристовски, кој ја води работната група, заедно со министерот Билен Саљији.

-“Тоа што е таму најдено е човек да се фати за глава”, вели Ристовски, но апелира да се почека првин денеска, евентуално и уште во една контрола, работната група да ја заврши работата и да напише извештај.

Извештајот ќе биде објавен јавно, со доказите кои ќе му бидат поднесени на редовното Јавно обвинителство.