„Прва работа која Никола Груевски ја присвои беше ВМРО-ДПМНЕ. Втора работа која ја украде беше поимот ВМРО и значењето кое тој збор го има за Македонците.
Во своето денешно обраќање на кое (се разбира) доцнеше 40 минути, тој повика на “збивање на редовите” за да се одбрани “светата мисија на ВМРО”.
Исто така, државниот удар на 27ми го нарече чин на родољубие, побара партиска поддршка за овие криминалци и обвини дека власта се’ уште прислушкува членови на неговото ДПМНЕ.
Не власта, туку органите на прогон прислушуваат. Лица кои се гонат за дела за кои е предвидена казна затвор над 4г, дела против државата, или дела сторени од злосторничко здружение, банда или организирана група.
Не е власта виновна што повеќемината од раководството на ДПМНЕ, и тоа како ги исполнуваат овие услови.
ДПМНЕ на Груевски нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ, уште помалку со ВМРО. За Груевски , овие букви и оваа држава се само алиби за неговата широка палета кривични дела. Само покритие за активностите на неговото злосторничко здружение.
Инаку, меѓу присутните ги немаше Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков и Зоран Ставрески.
Дали овие луѓе се намерно тргнати за да не го валкаат неговиот имиџ, дали се на нечиј список сведоци, или станува збор за комбинација од двете – времето ќе покаже.
Наше е само да запомниме и да повториме дека секоја организација со Груевски на чело е злосторничка; дека мора да постои одговорност за тоа што е сторено; и дека не смее да се повтори.
Никогаш. Повторно. Груевски.“
ФБ статус, Павле Богоевски