Ретвитни оброк #138 – подари храна, стопли срце
Уште еден ноемвриски ден, оваа сабота делиме храна за нашите сограѓани. Најискрени благодарности за сите прекрасни луѓе кои се вклучуваат со готвење а и на оние кои помагаат зготвените оброци да се поделат 🙂
Секој може да се вклучи:
– Можете да зготвите онолку колку сте во можност оброци од дома и да ги спакувате во алуминиумски кутии (можат да се земат од портирницата на Спомен Куќата на Мајка Тереза).
– Можете да донирате намирници (леб, тестенини, месо, грашок, салати, овошје, гравче, ориз…) – контактирајте не за дополнителни информации или пишете во групата Ретвитни Оброк
– Сортирајте или згответе јадлива храна која ви останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувајте ја и донесете ја во 12:30 часот во сабота пред Мајка Тереза и воедно вклучете се во делењето на храната.
Нашето малку за некого значи многу, да не фрламе храна зошто секој заслужува достоинствен оброк! ♥
За каква било информација, пишете ни на #Ретвитни Оброк групата.