Во кривичниот суд денеска треба да почне судењето за случајот „Траекторија“ на СЈО, во кој се обвинети Никола Груевски, Александар Пешевски, Миле Јанакиевски и екс-директорот на Агенција за државни патишта Љупчо Георгиевски.
Според обвинението на СЈО, тие поттикнати од поранешниот премиер во периодот од октомври 2012 до октомври 2013 година, ги искористиле и ги пречекориле овластувањата во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатските делници и на тој начин прибавиле имотна корист за компанијата односно го оштетиле буџетот за 155.117.256 евра.