Поништен конкурсот за обука на јавни обвинители – кандидатите поднеле фалсификат сертификати за англиски јазик

Сподели

„Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на седницата одржана на 11 декември 2017 година, донесе одлука за поништување на јавниот оглас на Академијата за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители, објавен во Службен весник на Република Македонија, од 30.08.2016 година и во дневните весници „Лајм“ и „Нова Македонија“, стои во одлуката, објавена на веб страницата на Академијата.

Огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители е поништен поради истражната постапка која Основното јавно обвинителство ја се води против дел од пријавените кандидати, соопшти Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Четириесет и едно лице од пријавените доставиле фалсификувани сертификати за англиски, поради што ОЈО покрена кривично дело „фалсификување исправа“.