Франција: Полициско обезбедување од 100.000 полицијаци за време на Божиќ

Сподели

Во Франција ќе бидат распоредени речиси 100.000 припадници на полициските и другите безбедносни сили за да се осигури безбедноста за време на славењето на Божиќ. Ова го соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб.

-На целата територија на Франција на 24 и 25 декември, ќе бидат распоредени 97.000 припадниците на силите за безбедност – рече Коломб. Ова претставува 6.000 луѓе повеќе во споредба со минатата година.

Министерот оцени дека христијанскиот празник може да биде мета на повеќе терористички закани и додаде дека апсолутен приоритет е безбедноста на Французите и сите туристи.