Македонија повторно екстремно загадена

Сподели

Mакедонија повторно се гуши во загаден воздух. ПМ 10 честичките во воздухот и утрово над дозволеното. Македонија ја почна новата 2018 година со старите проблеми. Најзагадено утринава е во Карпош и Рекотрат.

Воздухот беше загаден и за време на новогодишната ноќ, а и во текот на вчерашниот ден. Поради енормното загадување на воздухот во изминативе неколку дена на сила стапи  една од мерките на Град Скопје – забрана за достава на стоки во центарот на Скопје од 7:30 до 18 часот.

Многу високи концентрации на честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 вчера беа измерени на сите мерни места во Скопје, како и во Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци, според веб-страницата Квалитет на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање.