Ликовен едукативен проект „Уметност за сите“ – социјализација и општествена инклузија на лицата со попреченост и хендикеп

Сподели

Националната галерија на Македонија и Холандската амбасада, денеска во галеријата Чифте амам ќе го промовираат ликовниот едукативен проект „Уметност за сите“, кој ќе се спроведува во 2018-та и 2019 година.

Преку работилници, дебати и организирани посети, „Уметност за сите“ ќе овозможи полесен пристап до културата за децата со посебни потреби од цела Македонија. Проектот ќе биде финансиран преку “МАТРА”- програма на Министерство за надворешни работи на Холандија, отворена за сите земји кои се на пат да станат членки на Европската унија.

Целта на проектот е социјализација и општествена инклузија на лицата со попреченост и хендикеп. Наменет е за деца од најрана училишна возраст до завршување на средното образование и ќе се одвива во четири циклуси од по три месеци.