МАКЕДОНИЈА ОД ЧЕЛНА ПОЗИЦИЈА ВО ГРУПАТА 2 ОД ГЛАВНАТА ФАЗА

Сподели

По натпреварите во групите “Ц“ и “Д“, стана познато кои шест репрезентации ќе продолжат во главната фаза. Од групата “Ц“ продолжуваат Македонија, Германија и Словенија, а дома заминува Црна Гора, додека од групата “Д“ продолжуваат Данска, Шпанија и Чешка, а дома заминува Унгарија.

Македонија е најпријатното изненадување во досегашниот тек на првенството и нашата репрезентација главната фаза ја почнува од челна позиција во групата 2, која своите натпревари ќе ги игра во Вараждин.

Да потсетиме, двете првопласираните селекции од двете групи ќе настапат во полуфиналето, а двете третопласирани ќе играат за петтото место. Преостанатите шест селекции ќе се пласираат според освоените бодови.

Група 2:

2

.

Распоред:

19.01.2018 г.:  Словенија – Данска

19.01.2018 г.:  Германија – Чешка

21.01.2018 г.:  Македонија – Шпанија

21.01.2018 г.:  Германија – Данска

23.01.2018 г.:  Словенија – Шпанија

23.01.2018 г.:  Македонија – Чешка

24.01.2018 г.:  Македонија – Данска

24.01.2018 г.:  Германија – Шпанија

24.01.2018 г.:  Словенија – Чешка

Група 1:

1

Распоред:

18.01.2018 г.:  Србија – Норвешка

18.01.2018 г.:  Хрватска – Белорусија

20.01.2018 г.:  Шведска – Франција

20.01.2018 г.:  Хрватска – Норвешка

22.01.2018 г.:  Србија – Франција

22.01.2018 г.:  Шведска – Белорусија

24.01.2018 г.:  Хрватска – Франција

24.01.2018 г.:  Србија – Белорусија

24.01.2018 г.: Шведска – Норвешка

rkmetalurg.mk