ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Температурата ќе се движи од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.

Продолжува периодот на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. До недела во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.