Во кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судското рочиште за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за примање поткуп од струмички бизнисмен. Предметот никако да почне, поради низа процесни приговори.
Апелациониот суд Скопје во декември лани одлучи користењето на видео-материјалот со ПИ-мерките како доказ да го врати на повторно постапување.
Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет за барање и за земање на поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.