Вонредни безбедносни мерки пред посетата на Ердоган на Рим

Сподели

По покана на папата Франциско, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе престојува во дводневна официјална посета на Ватикан. По повод посетата, безбедносните мерки во Рим се на највисоко ниво, јавува Anadolu Agency (AA).

Италијанската официјална новинска агенција АНСА (ANSA) информираше дека поради дводневната официјална посета од страна на претседателот Ердоган на Ватикан која започнува денес, во Рим, главниот град на Италија се преземени вонредни безбедносни мерки.

Почнувајчи од денеска до напуштањето на Рим, за обезбедувањето на претседателот Ердоган во Рим се ангажирани околу 3 500 претставници на безбедносните сили.

Пред пристигнувањето на претседателот Ердоган во Рим, безбедносните мерки во градот ќе бидат поставени на највисоко ниво, а некои улици во Рим ќе бидат затворени од безбедносни причини.

Безбедносните сили вложуваат големи напори со цел да бидат сигурни за безбедноста на избраната рута по која ќе се движи конвојот на претседателот Ердоган. Обезбедено е следење на секој момент на рутата на движење од страна на полициските единици и од страна на системот на безбедносни камери.

Во текот на посетата ќе бидат ангажирани и екипите на NBCR (НБХР) обучени за борба против ‘нуклеарни, биолошки, хемиски и радиолошки’ опасности.

„Зелена зона” во Рим

Во еден од водечките италијански весници „La Repubblica“ беше објавена вест дека покрај 3 500 претставници на безбедносните сили и тимовите на НБХР, во Рим е формирана и „зелена зона”.

Во рамките на прогласената „зелена зона”, за време на посетата на претседателот Ердоган на Рим, во градот се забранети какви било протести. На тој начин ќе бидат спречени можните провокации и нелегални активности на терористичката организација ПЈД/ПКК.

Ова ќе биде прва посета на Ватикан од страна на еден турски претседател по цели 59 години. Во рамките на посетата, претседателот Ердоган по средбата со папата Франциско ќе се сретне со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Паролин.

По посетата на Ватикан, претседателот Ердоган ќе има средба со претседателот на Италија, Серџо Матарела и со италијанскиот премер Паоло Џентилони.

AA