Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор? Што се крие од македонската јавност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во земјава владее целосен молк по овие прашања кои се погласно се поставуваат. Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори.
Демократијата и владеењето на правото се деградирани во Македонија под власта на СДСМ.
Десетици луѓе се притворени без основ и врз нив се врши политички терор, само затоа што имаат спротивен политички став од Зоран Заев.
Правосудните органи не одлучуваат по закон и се кршат правата на притворените. Слободите и правата на луѓето се загрозени. Владеењето на правото е нарушено, ова го констатираше и Комесарот за човекови права на Советот на Европа.
Притворените се жртви на класичен терор и политичка инквизиција во современа Европа во 21 век. Правата на притворените беа прекршени и при нивното апсење, факт кој го констатираше и Народниот правобранител. Факт кој беше игнориран од МВР.
Притворот како средство за обезбедување присуство се претвори во средство за казна. Ова е спротивно на основните принципи на човековите права, кои ја гарантираат неприкосновеноста на слободата и нејзиното лимитирање само во исклучително законски определени ситуации. Обврска која во Македонија не се почитува.
Политички притворените патриоти подолг период се држени во притвор без во постапката против нив да се поведе било какво истражно дејствија. Тоа на дело ја покажува целата конструкција, неоснованост и безидејност.
Правосудните органи имаа единствена можност да ја вратат довербата на граѓаните во правната држава. Правосудните органи мора да се издигнат на притисоците и да одлучуваат единствено врз база на закон“, стои во соопштенеито на ВМРО-ДПМНЕ.