ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 литри на квадратен метар.

Во југозападните делови можна е појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени, Крива Паланка 9, Маврово 4, Кавадарци 12, Охрид 8, Битола 9, Берово 7, Дојран 11.

Утре и задутре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со дневни температури од 9 до 17 степени. Вo сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег и дневни температури од 4 до 10 степени.