ЕП одобри предлог за укинување на летно и зимско сметање на времето

Сподели

Европскиот Парламент денеска го одобри предлогот за укинување на летното и зимското сметање на времето, но конечната одлука треба да ја донесе Европската комисија од која европратениците побараа да го поддржи ваквиот предлог. ЕК досега се залагаше за задржување на сезонското сметање на времето.

Околу 70 пратеници од Европскиот Парламент на крајот на октомври минатата година се заложија за укинување на директивата на Европската комисија за менување на времето, барање кое беше покренато поради се поголемиот број докази за негативното влијание од таквата пракса.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а од 1996 година е регулирано со Закон за сметање на времето.