Шарената револуција повлекува црвена линија

Сподели

13119832_960150410770095_6277357674626882605_o

Шарената револуција за денеска најавува голем протест, за одбележување на пет години од денот, кога на прославата на ВМРО – ДПМНЕ за победата на парламентарните избори во 2011 година, беше убиен Мартин Нешковски.

Денешниот ден, продолжува да потсетува на  свирепоста, бруталноста и способноста на власта да сокрие убиство на дете. Поради тоа, Шарената револуција која веќе 55 дена, се случува низ улиците на Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Тетово, Гостивар, Куманово, Неготино, Охрид, Гевгелија, Крушево, Берово, Крива Паланка…,  поддржана од десетици илјади граѓанки и граѓани, како и низ многу градови низ светот во кои живее македонската дијаспора, денеска ја повлекува „црвената линија“.

 

Како што се вели на официјалната Фејсбук страница на Шарената револуција, “соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања. Ја повлекуваме црвената линија! Од понеделник одбројуваме! Кризата траеше доволно долго! Во понеделник, граѓаните ќе кажат како ќе ја надминеме! Нема веќе да не гледаат од шест, но ќе не гледаат секој ден – се посилни. Од 6 јуни веќе ништо нема да биде исто! ”

Протестот и денеска, по 56-ти пат започнува пред Специјалното јавно обвинителство, како знак на поддршка за нивната работа, во 18,00 часот.

 

“Да бидеме точни, да бидеме бројни и да бидеме гласни! На сите да им кажеме јасно и гласно што бараме! Нашето трпение помина! Нема повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца, храбро и истрајно се бореа против овој режим”, е пораката на Шарената револуција.

http://civil.org.mk/2016/06/06/scharnata-rvoluzia-povlkuva-zrvna-linia/?lang=mk