Во Кривичниот суд за денеска е закажано судењето за предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.
Првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за местење тендери за изградба на Музејот на ВМРО, односно на Музејот на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Второ и третообвинетите се членови на Комисијата за јавни набавки.
СЈО тврди дека трите обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. За првите двајца обвинети СЈО бараше притвор, но судот им ги одзеде пасошите.
Апелацискиот суд Скопје во ноември лани реши дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“.