Канада не се откажува од планот да прими еден милион мигранти до 2020 година

Сподели

Либералните власти во Канада не се откажуваат од плановите да примат околу еден милион мигранти од 2018 до 2020 година.

Деталите околу иницијатива на Владата на премиерот Џастин Трудо ќе бидат претставени денеска од страна на министерот за финансии Бил Морно, кој што ќе го претстави проектот за федералниот буџет за периодот 2018- 2019.

За реализација на тригодишниот миграциски план ќе бидат потребни околу 440 милиони канадски долари.

Кандскиот министер за имиграција, бегалци и државјанство Ахмед Хусеин изјави дека неговото Министерство подготвило миграциски план. Во документот се посочува дека квотата во 2017 година за 300.000 мигранти ќе биде зголемена во 2018 година на 310.000, во 2019 година на 330.000, а во 2020 година на 340.000 лица.

Според него, канадската економија има потреба од речиси милион имигранти, бидејќи до 2035 година пет милиони Канаѓани ќе се пензионираат.

Консултативниот совет за економски раст му препорача на Трудо да го зголеми бројот на мигранти на 350.000 во 2018 година, а од 2020 година да почне да прима по 450.000 луѓе.

Во периодот 2011-2015 година, миграциската квота на Канада беше 260.000 мигранти. Традиционално во државата пристигнуваат бегалци од Блискиот Исток, Азија, Африка и Источна Европа, вклучувајќи ги Русија, Украина и Белорусија.