Ретвитни оброк – сподели и ти! Нашето малку за некого е многу!

Сподели

Ретвитни оброк – сподели и ти! 03.март, спомен куќа Мајка Тереза

И оваа сабота нема да ги оставиме нашите сограѓани без оброкот кој го чекаат и не можат да си го дозволат.
Секој може да се вклучи:
– Згответе дома по нешто – донесете го во сабота во 12:30 на Мајка Тереза,
– Контактирајте нè слободно во групата за подетални информации
– Спакувајте ја храната што ви останува од дома или кафана (не е срамота да се земе, срамота е да се фрли 😉 ) или едноставно згответе наменски колку што можете и тоа што имате.
Амбалажи за да спакувате храна може да земете од Freshys – Фрешис
– Дојдете во сабота во 12:30 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и вклучете се во пакувањето и делењето на оброците
– Контактирајте нè во инбокс, коментар или на телефон за каква било информација околу организација.

Нашето малку за некого е многу, да не заборавиме, храната не е луксуз и не се фрла, туку се донира.