МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната од 8 до 17 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно, во раните утрински часови ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови ќе продолжи да дува умерен до засилен северозападен ветер. Потоа, до недела времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Ваквата временска состојба ќе предизвика интензивно топење на снежната покривка која повеќе ја има во планинските предели на западна Македонија.