Светски ден на театарот: Отворен час со „Артопија“- 27. март

Сподели

По повод 27. март, Светскиот ден на театарот, иницијативата „Театар за сите“ го организираат најголемиот отворен час со гости од здружението „Артопија“. Настанот се организира во Јавна соба, со почеток во 18 часот.

Артопија се познати по нивните претстави „Да го поздравиш и да ми го бациш“, „Експеримент“ и „Ужеганатост“. Главната тема на часот ќе биде независната, алтернативна театарска сцена, состојбите и предизвиците на независните театри во Македонија, како и приказните зад нивните три претстави. Часот ќе го водат Мартин Јордановски, Симона Спировска, Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски
Радослав Гогушевски и Филип Николовски.

За учество е задолжително пријавувањето на мејлот : teatar.za.site@gmail.com со испраќање име и презиме.

„Дојдете заедно да го одбележиме 27.март, на кој членовите од „Артопија“ ќе ги прочитаат светските и македонската порака за Светскиот ден на театарот!“