Пред велигденските празници засилени се инспекциските контроли за безбедноста и квалитетот на јајцата во државава.
Покрај контролите на магацините, зајакнати контроли се спроведуваат и на граничните премини, при увоз, со цел на граѓаните да им се понуди безбеден и квалитетен производ, истакнал директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на состанок со претставници од Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Македонија.
Атанасов нагласил дека секоја недоследност во однос на квалитетот на јајцата, граѓаните и компаниите можат да го пријават во АХВ врз основа на што ќе биде спроведена и инспекциска контрола.
Компаниите, пак, побарале инспекциските контроли при увоз да обрнат внимание дали јајцата го имаат кодот на државата од каде потекнуваат, за да се спречи можноста од манипулации, на домашниот пазар како македонски да се пласираат јајца од увоз.