Турција: Налог за приведување на 85 воени лица осомничени за поврзаност со ФЕТО

Сподели

Во продолжение на истрагата за терористичката организација ФЕТО, турското Државно обвинителство издаде налог за приведување на 85 осомничени војници, меѓу кои 37 активни членови на Турските вооружени сили, јавува Anadolu Agency (AA).

Канцеларијата на Државното обвинителство во Кајсери води истрага за тајните терористички структури на терористичката организација инфилтрирани во воените структури во тој регион.

Обвинителството утринава издаде налог за лишување од слобода на 85 осомничени лица кои се товарат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО која на 15 јули 2016 година, изврши обид за државен удар во Турција.

Меѓу 85 осомничени се наоѓаат и 37 активни војници, 38 претходно суспендирани и неколку пензионирани војници и студенти на Воената академија.

Постапувајќи по налогот, членовите на полицискиот Оддел за борба против тероризмот започнаа истовремени операции во 18 турски области.

Неколку осомничени веќе се уапсени и се предадени на надлежните органи за понатамошна процедура, а операцијата и понатаму е во тек.

Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години започна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во 1980-тите години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и на крајот, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар, со цел да го сруши уставниот поредок и да ја собори демократски избраната власт во Турција.

Турските надлежни институции спроведуваат детални истраги во судските постапки против оваа терористичка организација.

AA